Рајан Рут / Фото: Profimedia / EPA-EFE

Започна судењето против Рајан Рут за атентатот врз Трамп, ќе се брани сам

Рајан Рут, обвинет за обид за обид за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, минатата година на неговиот голф терен во Флорида, одлучи пред почетокот на судењето денеска да го отпушти својот адвокатски тим и да се брани сам.

Рут се соочува со пет обвиненија, вклучувајќи обид за атентат врз главниот претседателски кандидат, објави Ројтерс. Обвинителите наведуваат дека обвинетиот скрил пушка во близина на голф-клубот во Вест Палм Бич и планирал да пука во Трамп во последните недели од претседателската кампања во 2024 година.

ВИДЕО Трамп прострелан со куршум во увото на предизборен митинг во Пенсилванија

Според судските документи, агент на Тајната служба го забележал Рут како се крие зад дрвја и отворил оган, по што избега пред да испука куршум. Рут се изјасни за невин по сите обвиненија.

Обвинителите додаваат дека на 15 септември 2024 година Рут изградил „снајперско гнездо“ со поглед на шестата дупка на голф теренот, вооружен со полуавтоматска карабина SKS со 20 куршуми. Во моментот на набљудување, Трамп бил на неколку стотици метри оддалеченост, на петтата дупка на теренот.

Судењето во федералниот суд во Форт Пирс, Флорида, започнува денеска со избор на порота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот