Едно од запленетите возила / Фото: МВР

Запленети пет луксузни возила поради преголема бучава на неконтролиран собир на 120 автомобили во Струга

Од МВР информираат дека рано утринава, помеѓу 00:30 и 02:00 часот, полициски службеници на паркинг во Струга затекнале околу 500 млади луѓе кои со 120 спортски луксузни автомобили изведуваат неконтролирана „изложба“, со што предизвикале огромна бучава.

„Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај. Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле констатирани и осум други прекршоци од ЗБСП“, се вели во полициското соопштение.

Затекнатите луѓе добиле полициска наредба да го завршат настанот, но не ги послушале, со што биле повикани дополнителни служби кои успеале да ја стават ситуацијата под контрола.

Од полицијата додаваат дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот