ЗАПЛЕНЕТА ПОДМОРНИЦА ВО ШПАНИЈА: Откриени ТРИ ТОНИ кокаин!

Три тони кокаин се откриени во подморницата што била запленета од страна на шпанската полиција, соопштија властите.

Националната полиција и Министерството за финансии соопштија дека ова е првпат шверцери на дрога да се обидат да ја пренесат до Европа со подморница.

Користењето подморници за шверц на кокаин е многу честа појава во САД.

Во меѓународната операција, во која беше запленета подморницата, учествуваа шпанската, португалската, американската и бразилската полиција.

Кокаинот од подморницата требало да биде префрлен на друг брод, но тричлениот екипаж ја напушти подморницата во саботата вечер кога беа пресретнати кај шпанскиот брег од страна на полицијата.

Двајца членови се од Еквадор и тие се уапсени на копно, а третиот успеал да избега.

Полицијата вчера со кран ја извлече подморницата на пристаниште за да може полесно да влезе внатре.

Властите велат дека подморницата можела да собере пет тони дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот