Западни функицонери предупредуваат: Руските фабрики не може да произведат доволно муниција за војната

Неексплодирана руска муниција на фронтот кај Хостомел - Фотографија ЕПА, Олег Петрасјук

Тоа се смета за последица на санкциите од западните земји. Забраната за увоз на компоненти и делови го поткопува капацитетот на погоните за производство и за одржување на оружените системи

Руската одбранбена индустрија не може да произведе доволно количество муниција колку што трошат воените сили во војната во Украина, предупредуваат западни извори.

Тоа се смета за последица на санкциите од западните земји. Забраната за увоз на компоненти и делови го поткопува капацитетот на погоните за производство и за одржување на оружените системи.

– Не веруваме дека Русија има остварилив план, освен да продолжи да војува, очекувајќи дека надмоќта во персонал и опрема ќе ѝ помогне да победи – изјавил за Ројтерс анонимен западен функционер.

Украина веќе со месеци се жали дека употребува многу повеќе муниција и оружје отколку што може да произведе или да добие од своите партнери, поради што е нарушен огнениот баланс на страната на Русија. На Украина особено ѝ се потрошија резервите од гранати, поради што артилеријата на фронтот пукаат пет пати помалку отколку руските сили.

Западните извори забележуваат дека таквата ситуација може брзо да се промени кога Украина ќе ја добие помошта од САД во висина од 61 милијарда долари. Русија, во меѓувреме, ги задоволува своите потреби со муниција од Северна Кореја и од Иран.

– Капацитетите на руското домашно производство на муниција не се доволни за да ги задоволат потребите на војната во Украина – изјавил еден од изворите.

Украинската воена индустрија, пак, која наменски беше засилена, веќе произведува повеќе беспилотни летала отколку што армијата може да купи, изјави пред еден месец министерот за технологија Михаило Федоров.

– Мора да го зголемиме финансирањето и да ги прошириме пазарите, за да се намалат цените – изјави Федоров.

Беспилотните летала се користат во изминатите две години во Украина повеќе отколку во кој било воен конфликт во историјата досега. И двете страни ги користат дроновите првенствено за набљудување и следење на движењата на непријателските единици, потоа за ликвидирање цели на фронтот, но и како наведувани проектили за напади врз градови, индустриски и инфраструктурни објекти длабоко на територијата на непријателот. Дури 200 фабрики во Украина денес произведуваат дронови, а 70 локални компании потпишале договор со владата за снабдување на војската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот