Ненад Стојановски - Фото: Facebook

Замина прерано, но остана еден од нашите највпечатливи актери: Денеска се навршуваат 27 години од смртта на Ненад Стојановски

Нашиот познат театарски, филмски и телевизиски актер, Ненад Стојановски е роден во Скопје на 19 август 1952 година. Тој беше во брак со актерката Силвија Стојановска со која ги имаат двете ќерки Ана и Јана, кои денес се исто така познати актерки во Македонија.

Неговите приви чекори во светот на актерството ги направил откако станал член на Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад  настапувал на сцената на Драмскиот театар – Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.

Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број награди и признанија како, две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година е прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Во неговата богата биографија се вбројуваат улогите: 1975 Илинка ТВ-филм Дејан, 1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм, 1977 Пресуда ТВ-филм, 1977 Сослушувањето на железничарот ТВ-филм, 1981 Лет во место ТВ-филм Михајло, 1982 Илинден ТВ-серија Орце, 1983 Записник ТВ-филм, 1983 Премиера ТВ-филм Војдан Чернодрински, 1984 Јуначко колено ТВ-серија Учителот, 1984 Лет во место ТВ-филм, 1984 Диво месо ТВ-филм Андреја, 1984 Дупло дно ТВ-филм Јаков 3, 1984 Камчевци ТВ-серија, 1985 На наш начин ТВ-филм Записничарот, 1985 Од зад грб ТВ-филм Санде, 1985 Тетовирани души ТВ-филм Војдан, 1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Гоце Делчев, 1985 Бушава азбука ТВ-серија, 1986 Состојба на инфаркт ТВ-филм Огнен Георгиевски, 1987 Трета доба ТВ-филм… како и улогите во филмовите;

1987 Смртта на Дантон ТВ-филм Дантон

1987 Народни трибуни ТВ-серија

1987 Хај-фај ТВ-филм Матеј

1988 Скопски сновиденија ТВ-филм Ликовен уметник

1988 Мојсие од моето масло ТВ-филм Градоначалник

1988 Црна дупка ТВ-филм Силјан

1989 Тврдокорни ТВ-серија Ѓурчин Наумов Пијакот

1989 Еурека ТВ-серија Леонардо Да Винчи

1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Кирил

1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Уметникот

1990 Кула вавилонска ТВ-филм Манјан

1990-1991 Опстанок ТВ-серија Учител

1991 Болва в’ уво ТВ-филм

1991 Царуга ТВ-филм Лајтнант

1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Растаков

1992 Време, живот ТВ-филм

1992 Сили во воздухот ТВ-филм Миле

1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм

1993 Грев или сприцер ТВ-филм Крсте Сприцер

1994 Прекалени ТВ-серија Марко Цепенков

1997 Ojdipus Tiranos Sofocleus ТВ-филм Тајресија

1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм

1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Човекот со железната рака

1998 Бегство ТВ-филм Роман Валеријановиќ Хлудов

Добитник е на наградите:

Награда на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Андреја во претставата „Диво месо“ (Нови Сад, 1980);
Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“, (Прилеп, 1981);
Награда за најдобра епизодна улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Козаков во претставата „Бркотница“ (Прилеп, 1981);
Награда за глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова ’49“ (Прилеп, 1985);
Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата „Дупло дно“ (1985);
Награда за најдобро глумечко остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата „Среќна Нова ’49“ (1986);
Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро глумечко остварување на Фестивалот „Стериино позорје“ за улогата на Миле во претставата „Сили во воздухот“ (Нови Сад, 1989);
Златен медал на Театарските свечености „Љубиша Јовановиќ“, за улогата на Дамјан во претставата „Кула вавилонска“ (Шабац, 1990).

Ненадејно почина на 14 јули 1998 година во Скопје, на само 46 години, а неговата ќерка Јана Стојановска, во спомен на својот татко сподели емотивен момент од детството, нагласувајќи дека сѐ уште никој не успеал да го надмине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот