Заловувачите на „Лајка“ деновиве ловат кучиња низ Кисела Вода

Фото: Лајка

Заловувачкиот тим на „Лајка“ деновиве на неколку локации во општина Кисела Вода го спроведува најавеното стратешко заловување на бездомни кучиња за нивен хуман третман.

Од „Лајка“ информираат дека се заловувало на улицата Христо Татарчев, во Расадник, кај ОУ „Круме Кепески“, Тефериќ и на други локации, а во наредниве денови заловувачкиот тим  ќе биде кај Шампионче, 11 Октомври, Бирарија, Црниче, Пржино, Чешма и Припор.

Дел од заловените кучиња беа плашливи и недоверливи и беше потребна асистенција од ветеринарен доктор за да се седираат при заловувањето. Кутрињата кои се диви е потребно да се заловат со пневматска пушка која е посебна хумана мерка и не е толку стресна кај заловувањето на овие кутриња – објаснуваат од „Лајка“.

Оттаму посочуваат дека доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче кое сакаат да го пријават на тимовите, да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на [email protected].

Покрај тоа, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што можат сами да донесат улично куче во стационарот со претходна најава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот