Печени компирчиња
Печени компирчиња / Фото: Pexels

Закуска на грчки начин: Печени компирчиња кои ќе ги јадете цел ден

Грците се познати по својата љубов кон јадењата со компири, па затоа е сосема нормално да имаат и своја верзија на познатите печени компирчиња. Тие ги зачинуваат тенките и крцкави компирчиња со класичните медитерански зачини, а потоа ги послужуваат со парчиња фета-сирење, исечкан лук и лимон.

Во грчките ресторани ќе добиете и зазики сос, кој традиционално се припрема со овчо или козјо кисело млеко, помешано со краставици, лук, сол, маслиново масло, сок од лимон или црвена винска киселина, зачинет со копар, магдонос или нане.

Фото: Pexels

Потребни состојки:

  • 600 гр компири
  • 50 гр фета-сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сечкан свеж магдонос
  • 2 лажици сечкан лук
  • 1 лажица медитеранска мешавина на зачини
  • 1 лимон
  • сол по желба
  • зазики сос по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.

Излупете ги компирите и исечете ги на долги и тенки парчиња. Подготвените компири исплакнете ги во ладна вода и оставете ги да киснат околу 10 минути (додека рерната ви се загрева). Потоа исцедете го вишокот вода и исушете ги со крпа.

Зачинете ги компирите со маслиново масло, мешавина од медитерански зачини и малку сол. Добро измешајте. Префрлете ги во плехот, без да се допираат, и ставете ги во рерна.

Печете ги компирите околу 20 минути, а потоа извадете ги од рерна, превртете ги и продолжете со печењето уште 10 минути. Компирите треба да бидат златно кафеави и крцкави.

Печените компири префрлете ги во чинија и послужете ги со парчиња фета-сирење, лук, свеж магдонос и четвртина лимон. По желба, послужете ги и со зазики сос.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот