Марија Захарова и Ратко Младиќ / фото: EPA/EFE / колаж: Слободен печат

Захарова повика Ратко Младиќ да биде пуштен од затвор од хумани причини

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска се осврна на вестите за влошеното здравје на некогашниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој одлежува казна доживотен затвор.

„Видовме вести за хоспитализацијата на Ратко Младиќ во Хаг поради наглото влошување на неговата здравствена состојба. Сметаме дека би била правилна одлука Резидуалниот механизам да го ослободи Ратко Младиќ од хумани причини“, рече Захарова.

Синот на Ратко Младиќ, Дарко, вчера се огласи по повод дезинформациите за смртта на неговиот татко на социјалните мрежи, кажувајќи дека се измислица.

„Ратко Младиќ е жив. Неговата состојба е иста како вчера, ни подобра ни полоша“, наведе Дарко Младиќ.

Тој додаде дека сè уште не се знае дали и кога тим српски лекари ќе го прегледаат Младиќ, кому поради лошата здравствена состојба му е нарушен говорот.

Засега нема најави или барања од одбраната Младиќ да биде пуштен на лекување во болница во Белград. Воениот командант на војската на Република Српска, Младиќ е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите или воените обичаи за време на војната во БиХ во периодот 1992-1995 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот