Заеви ја прележаа короната и стекнаа имунитет, премиерот остана негативен

Семејството Заеви/ Фото Архива на Слободен печат

Претседателот на владата на РСМ Зоран Заев, во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма откри дека дел од членовите од неговото семејство веќе ја прележале короната и дека лично смета дека во земјава се создава колективен имунитет.

Заев кажа дека според информациите кои стигнале до него,  можно е да се создаде колективен имунитет во Македонија.

„Макар што, според мое лично мислење, ако дневно просечно заболуваат по 1.000 лица, има веројатно 10.000 што не знаат за заразата. Затоа веќе се тестира со тестовите за антитетла, IGM и IGG, за да видат колку е тоа отприлика распространето.Еве, половина од моето семејство ја помина короната. Двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците… А другиот дел, од тие што е поминаа, меѓу кои сум и јас, јас не сум бил досега позитивен, половина од нив веќе имаат антитела “, рече Заев.

Во периодот од почетокот на пандемијата од коронавирус во Македонија во март годинава премиерот во неколку наврати се тестираше после контакти со заболени, но досега секогаш имаше негативен тест на корона.

Заев зборуваше и за тоа дека е платен авансот за 833 илјади вакцини кои ќе бидат набавени преку Ковакс системот, а обезбедена е и гаранцијата за останатиот дел од парите што треба да се платат по пристигнувањето на вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот