Заев: Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири
М.Т.
Пред
Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. Тој апелира до граѓаните да не одат во шумите, да бидат внимателни и одговорни.
-Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица. Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста.
Сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи.
Утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. Во интензивна комуникација сме и со нашите НАТО сојузници од регионот кои се будни и подготвени да ни испорачаат помош согласно условите на теренот.
Во моментов се активни 13 пожари, повеќето се локализирани, кочанско е под контрола, а поинтензивна борба со огнот се води околу Старо Нагоричане, каде се насочени сериозни капацитети во гасењето.
Не одете во шумите, бидете внимателни и одговорни, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици, напиша премиерот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Градот Гевгелија на 29 и 30 август беше центар на алтернативната културна сцена со одржувањето на 17-то издание на меморијалниот „БОШ Фестивал“, посветен на прерано починатиот актер Бошко Бозаџиевски, кој имаше потекло од Гевгелија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Сопругот на познатата српска пејачка починал од глад и студ, …
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“ во пресрет на локалните избори оценува дека владејачката гарнитура не ги реализирала ветувањата дадени пред минатотогодишните избори, а бројките за раст што ги споменува значат само раст на хартија бидејќи граѓаните не го чувствуваат. Според него, сите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ биле еден, …