Заев: Срамно е што две и пол години нема државен ревизор

фото: МИА

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека веќе две и пол години во земјава нема државен ревизор, рече дека за тоа е одговорен претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски.

– Две и пол години имаме трпение за претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски. Тоа е право на Парламентот согласно Законот. Тие бираат директор на Државен завод за ревизија. Две и пол години да биде заглавено нешто на Комисијата за избори и именувања која ја води Илија Димовски не е фер и не е коректно- рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на кампањата „Снајди се со стручно” во СГГУ „Здравко Цветковски”.

Според него, тоа не е патриотизам, и е катастрофално ако мислат дека на тој начин што добиле распределба претседател на Комисија, да ги загрозуваат институциите.

– Денес кулминацијата веќе е дојдена. Не само што нема директор на Државниот завод за ревизија, туку му заврши мандатот и на заменикот кој ја извршуваше функцијата. Кај мене стигна дописот од вработените. Таа е институцијата што не контролира сите нас јавните институции, и навистина е срамота- оцени Заев.

Апелираше до Парламентот што поскоро да именуваат државен ревизор и да носат, а не да одбиваат одлуки.

– Ние можеме да бидеме различни политички колку сакаме, но да и служиме на државата е минимум обврска на сите нас. Имаме законски обврски да носиме одлуки. Апелирам да се изберат шефовите на тие институции каде што се заглавени во Комисијата за избори и именувања. Една од тие институции се и Програмскиот совет на МРТВ, понатаму АВМУ, па следува избор на членови на Судскиот совет и може да го блокираат Судскиот совет, а зборуваме за правна држава- подвлече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот