Заев: Попишани се над 50.000 иселеници, секој од нив е богатство за нашата држава

Image: 421374573, License: Rights-managed, Restrictions: Contributor usage restriction: Advertising and promotion, Consumer goods, Direct mail and brochures, Indoor display, Internal business usage, Commercial electronic., Model Release: no, Credit line: ALEXANDROS MICHAILIDIS / Alamy / Alamy / Profimedia

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика иселениците да се попишат преку електронската апликација за да може да се добие јасна слика за нивниот број и за да може да се креираат стратегии и политики за намалување на емиграциониот бран и за обезбедување на трајни врски на државата со дијаспората.

– Ги повикувам нашите иселеници, целата дијаспора, да одвојат 10 минути од своето време и преку едноставната апликација да се попишат и со тоа да придонесат за подобра иднина и поквалитетен живот во татковината од која потекнуваат и каде што се надеваме дека повторно ќе се вратат. Ги повикувам и сите жители кои живеат во државата да ги пренесат овие информации до своите роднини и фамилии во дијаспората, зашто секој е важен, секој попишан е богатство за нашата држава, напиша Заев на Фејсбук.

Во статусот на оваа социјална мрежа, Заев наведува дека досега се попишани повеќе од 50.000 лица и оти македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство имаат можност на едноставен начин, да се самопопишат и на тој начин да се впишат во базата на нерезидентно население преку линкот тука.

– Целта на самоопишувањето на нашите иселеници во странство во што е можно поголем број е државата да има јасна слика за бројот на лицата кои се отселиле, нивната возрасна, образовна и економска структура, од каде се иселиле и во кој период. Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии, за политики за намалување на емиграциониот бран и за обезбедување силни и трајни врски меѓу македонските граѓани кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората, вели Заев.

Попишувањето, како што посочува, е важно за да може правилно да се димензионираат услугите што дипломатско-конзуларните претставништва им ги нудат на иселениците, а од економски аспект податоците ќе претставуваат основа за анализа на потенцијалот на македонските државјани во странство.

– На пример, дали имаат некакви инвестиции во земјата, дали располагаат со имот во државата кој би можел повторно да се активира, што би требало да направи државата за да го привлече нивното внимание и интерес за вложувања, дали имаат фамилии во татковината за кои тие се грижат и материјално ги помагаат. Ќе може да се направи анализа на нивната образовна и економска структура за да се оцени дали може да се искористи нивниот потенцијал во земјава или во странство, како емисари на татковината од која потекнуваат, наведува Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот