Заев најави пролетна чистка – „Следува нова политика во СДСМ“

Пролетна носи промени, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев најавувајќи пролетна чистка во партијата.

„Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна офанзива за нов пресврт на политичкото делување на СДСМ и Северна Македонија. Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија на нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните“, порача Заев.

Тој додаде дека сите заедно ќе продолжиме по патот кој заедно да го чекориме.

„Станавме членка на НАТО, се движиме кон полноправно членство на ЕУ“, потенцираше Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот