Заев-Мичел: Северна Македонија бележи напредок во реформски и демократски процеси

Северна Македонија спроведувајќи ги сложените реформи клучни за демократијата и транспарентност на институциите бележи напредок и претставува пример во регионот.

Ова денеска е истакнато на средбата во Владата меѓу премиерот Зоран Заев со делегација на Националниот демократски институт (НДИ) од Вашингтон предводена од претседателот на Институтот, Дерек Мичел, соопшти владината прес-служба.

На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, позитивно е оценета соработката и поддршката која ја дава Националниот демократски институт на земјава, која, како што посочи премиерот, е од голема помош за зајакнување на демократските процеси во земјава и е голем поттик дека државата се движи во вистински правец, обезбедувајќи бенефити и просперитет за сите граѓани.

– Ние одржуваме политички дијалог со опозицијата, кој е важен за продолжување на реформите и за стабилноста на земјата, што е позитивен сигнал за инвеститорите. Ја обновивме демократијата и сме посветени на нејзиното подобрување. Главниот стимул, сила и капацитет за сложените реформи, како што се владеењето на правото, судството, антикорупцијата и реформите на јавната администрација доаѓаат од перспективите, кои се и наша цел, а тоа е членството во НАТО и Европската Унија, рече Заев.

Тој, притоа, ги потенцира очекувањата за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ ова лето.

Претставниците на НДИ, изразија задоволство од напредокот и соработката на јавните институции, како и проектите кои се однесуваат за подобрување на работата на Собранието и негово доближување до граѓаните. Беа истакнати иницијативите и соработката во насока на унапредување на вклучувањето на жените во што повеќе активности и раководства, истражувањата на јавното мислење и други граѓански и политички права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот