секси пар
Фото: Профимедиа

Заблуди кои ја пратат сексуалната предигра

Иако жените уживаат во бакнежите, допирите и нежностите на партнерот, сепак предиграта не е клучот на сексуалното задоволство. Ова се четирите заблуди кои ја пратат сексуалната предигра.

Една ерогена зона е доволна за да се возбудите

Убавината е во истражувањето и експериментирањето. Машкото и женското тело е преполно со ерогени зони, а надразнувањето на само една може да има спротивен ефект. Предиграта мора да биде разновидна, бидејќи во спротивно може брзо да ви досади.

На жените им е потребна подолга предигра

Ова тврдење воопшто не е точно, бидејќи на жената ѝ е важен начинот на кој партнерот ја допира, а не колку долго тоа го прави. Исто така и фазата на менструалниот циклус не влијае на тоа колку жените се расположени за секс.

Тоа што го возбудува партнерот треба да се повторува

Ова е погрешно, бидејќи константното поновување на истите работи може да му стане одбивно на партнерот. Разговарајте за вашите фантазии и посакувани работи, па ќе влезете во еден сосема нов сексуален свет.

Предиграта им е потребна само на жените

Во многу случаи тоа изгледа така, но дефинитивно не е вистинито. Предиграта им е подеднакво потребна и на мажите и на жените, особено во подоцнежните години.

Едноставни правила за подобар сексуален живот

Незаинтересираноста за секс кај мажите е поврзана со ризикот од прерана смрт

Водич за тантрички секс: Емотивно и физичко зближување на партнерите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот