Фото „Слободен печат“
Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

За ставање лек на позитивна листа ќе се аплицира електронски

Министерството за здравство промовираше нов електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови”.

Според министерот за здравство Азир Алиу со овој модул првпат почнува дигитализацијата на процесот за ставање нов лек на позитивна листа. Тој ќе биде достапен на сајтот  www.lekovi.zdravstvo.gov.mk и во функција ќе биде веднаш откако ќе стапат во сила измените на прописот со кој се уредува оваа постапка, а кој се очекува деновиве да се објави во Службен весник.

-Модулот овозможува електронско поднесување на барањата и внесување на неопходната документација за лекот во системот, кои што досега се доставуваа исклучиво во хартиена форма. Со ова се постигнува значителен напредок во дигитализација на одделните процеси на стандардната оперативна процедура на уредената постапка, истакна Алиу.

Придобивките на модулот според министерот се тоа што се намалува административниот товар за фармацевтските компании кои се јавуваат како апликанти во постапката.

Весна Настеска од Секторот за фармација при Министерството за здравство рече дека овој модул претставува и важен исчекор кон осовременување на националниот информациски систем во областа на лековите кој се создава и одржува како централна база со податоци.

Модулот носи и конкретни придобивки затоа што поднесоците се евидентираат, се следат и се управуваат во самиот систем, во системот има поврзување на институциите кои учествуваат во постапката, како и стручните лица од составот на комисијата за позитивната листа, а во транспарентноста на процесот има јавен портал каде може да се следат сите податоци и информации за постапката за ставање лек на позитивната листа, рече Настеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот