Фото: МИА

Да ги решат семејните и романтичните спорови: Тепачки како божиќен обичај во Перу

Стотици жители на околијата Чумбивилкас во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалните тепачки. Цел е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината.

Стотици жители на овој округ во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во овој свој обичај. Борбите имаат за цел „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците“ традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени.

Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи – „удирање“.

Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно.

Борбите традиционално се проследени јадење, пиење и поворка.

Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!