
За пет години, Босанците уплатиле седум милијарди евра во обложувалници и коцкарници
Според официјалните податоци, граѓаните на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) и Република Српска (РС) уплатиле 14 милијарди конвертибилни марки, односно над седум милијарди евра во обложување и други игри на среќа во последните пет години. Оваа бројка укажува на исклучително голем финансиски промет, но и на сложен општествен проблем што не може да се сведе само на економски тешкотии.
Препорачано
Според податоците објавени на Форбс Србија, собрани од Даночната управа на ФБиХ и Република Српска, трендовите покажуваат дека од година во година, граѓаните уплаќале се повеќе и повеќе пари. Овие бројки ги вклучуваат сите видови игри на среќа, вклучувајќи обложувалници, лотарии и слот машини.
Податоци за на игрите на среќа не ја одразуваат само економската димензија на проблемот. Како што истакнува социологот Мирјана Чеко, тоа е сложен општествен феномен.
„Овие податоци покажуваат сложен општествен проблем кој не може да се сведе само на сиромаштија или невработеност. Иако економските притисоци играат значајна улога, суштинскиот проблем е чувството на несигурност, социјална нееднаквост и губење на довербата во институциите. Во таква средина, игрите на среќа и коцкањето нудат очигледна можност за промена и бегство од секојдневните грижи, дури и ако се илузорни,“ смета таа.
Чеко дополнително нагласува дека широката достапност на игрите на среќа, нивната социјална нормализација и интензивниот маркетинг дополнително ги зајакнаа овие навики.
„Интензивниот маркетинг и присуството на секој чекор го намалуваат критичкото размислување, па затоа коцкањето сè повеќе станува толериран, па дури и очекуван начин за справување со стресот и неизвесноста. Исто така, вреди да се напомене дека во општествата кои се економски и социјално во опаѓање, бројот на обложувалници, казина и други места за коцкање често се зголемува. Ова не е случајно, бидејќи ваквите места се множат таму каде што луѓето бараат алтернативни можности, каде што општата неизвесност е плодна почва за индустрија која профитира од надежта и очајот“, нагласува таа.
Вкупниот износ од повеќе од 14 милијарди конвертабилни марки, односно над седум милијарди евра уплатени за игрите на среќа во БиХ за пет години покажува дека овој пазар е исклучително голем и дека неговото влијание допира длабоко до пошироката јавност. Покрај финансиските аспекти, ќе биде потребно да се земат предвид и социјалните, психолошките и економските причини што ги принудуваат граѓаните да се „фрлаат“ на коцкањето како начин за справување со реалноста.