
ФОТО+ВИДЕО | За извонреден придонес во комедијата: Весна Петрушевска е лауреат на 28. „Денови на комедија“
Со големо признание за нејзиниот богат придонес во театарската уметност и особено во областа на комедијата, актерката Весна Петрушевска ја доби наградата „Васил Иљоски“ на 28. издание на фестивалот „Денови на комедија“. Оваа награда претставува високо одликување за животно и уметничко достигнување во театарот, а Петрушевска ја доби оваа година како потврда за нејзината значајна улога и влијание врз комедијата.
Препорачано
Во својата објава на Инстаграм, актерката истакна дека ова признание има посебна вредност за неа, бидејќи најчесто уметниците се наградуваат дури откако ќе се повлечат од сцената — а таа ја добива токму во период кога сè уште активно твори и игра.
„Ви благодарам за наградата „Васил Иљоски“ за лауреат на 28-то издание на „Денови на комедијата“. Бев клинка на 13,14 години кога почнав вистински да го сонувам мојот сон. За да бидеш свој подразбира многу борба, храброст, работа, такент, љубопитност и доследност. Не би менувала ништо кога ќе трепнам наназад. Сум насмеала илјадници луѓе, сум делела љубов на сцена, ден денес сум своја и борбена. По пат сретнав и лоши луѓе, безочни, но и прекрасни. Имам 55 но во душата сум дете. Денес бев многу среќна, беа со мене мама и Мина … ми недостасуваше тато за кој сум сигурна дека ќе ја имаше онаа негова шеретска насмевка. Наградата е за мама. Благодарам Саше и Максим кои со години ја поддржувате мојата работа“ напиша актерката на Инстаграм.
View this post on Instagram
Фестивалот „Денови на комедија“ претставува еден од клучните театарски настани во Македонија, чија цел е да го афирмира жанрот на комедијата и да го нагласи значењето на актерското мајсторство. Доделувањето на наградата „Васил Иљоски“ како дел од фестивалската програма создава мост меѓу богата традиција на македонскиот театар и современото сценско творештво.
Изборот на актерката Весна Петрушевска за добитничка на ова престижно признание уште еднаш ја потврдува определбата на фестивалот да ги вреднува личната посветеност, уметничката конзистентност и силното влијание што еден актер го остава врз публиката.