Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

За брзо возење казнети 175 возачи

Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР во рамки на вчерашните активности во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава издале 777 платни налози.

Како што соопшти МВР, статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците за непрописно паркирање 256, а казнети се 175 возачи за брзо возење.

-Покрај ова, вчера регистрирани се и 69 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се возачи под дејство на алкохол, шестмина возачи минале на црвено светло, а санкционирани се и 25 пешаци. Исто така, по основ на неносење сигурносен појас изречени се 44 прекршочни платни налози, санкционирани се 11 возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига, а по основ на користење мобилен телефон при возење изречени се 28 платни налози. Од сообраќај, пак, се исклучени вкупно 22 возила од кои осум биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани – се додава во соопштението.

Сообраќајните контроли, нагласуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – нагласуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот