
За 7 дена можете да изгубите до 4 килограми: Брзата диета со јогурт прави чуда за организмот
Оваа диета е идеална за сите љубители на млечни производи, а разновидното мени ќе ви олесни да направите драстична промена во вашата исхрана.
Препорачано
Едноставна, здрава и со корисно дејство врз варењето, диетата со јогурт се препорачува за сите, освен за луѓе кои се алергични на млечни производи.
Диетата трае 7 дена, а можете да изгубите до 4 килограми. Ако сте љубител на јогурт, овој режим на исхрана многу ќе ви се допадне.
При купување, изберете јогурт со помала количина на масти (од 0,5 до 1,6 отсто), никогаш овошен јогурт со додаден шеќер или шлаг. Оваа диета ќе ве освежи, ќе ве олесни и ќе го исчисти вашиот организам од штетните токсини (благодарение на лековитите дејства на јогуртот).
Мени
Појадокот, утринската и попладневната ужина се исти секој ден.
Појадок: 150 до 200 мл јогурт со додаток на житарки (1 лажица снегулки)
Претпладневна ужина: 200 мл јогурт, овошје по ваш избор (јаболко или круша или 3 сливи или неколку цреши и слично)
Попладневна ужина: 1 јогурт (чаша, 150-200 мл)
Ручекот и вечерата се различни секој ден.
Прв ден
Ручек: Варени или на малку масло пржени и зачинети компири, 100 г стек (од говедско или чисто свинско месо), варена брокула прелиена со две лажички обичен јогурт
Вечера: Компири и брокула прелиени со обичен јогурт, како за ручек, но без стек, 1 јогурт
Втор ден
Ручек: Мешана салата со 100 г туна. Салатата прелијте ја со јогурт, оцет и сол.
Вечера: Чинија крем супа, 1 јогурт
Трет ден
Ручек: Овошна салата, прелиена со јогурт. По желба, засладете со вештачки засладувач.
Вечера: банана, прелиена со јогурт, слатка павлака или кајмак
Четврти ден
Ручек: спанаќ (сос од спанаќ), пире од компири зачинети со путер, по желба 100 г пилешки стек
Вечера: спанаќ, компири (половина од количината за ручек), 1 јогурт
Петти ден
Ручек: мало парче пица моцарела, чаша лимонада, 1 јогурт
Вечера: 1 солено печиво со афион (земичка со наросено афион), 1 јогурт
Шестиот ден
Ручек: ризото со пиперки, зелена салата, 1 јогурт
Вечера: половина помалку од ризотото и салатата од ручекот, 1 јогурт