Џеф Баена и Обри Плаза / Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

За 6,5 милиони долари: Обри Плаза ja продава луксузната вила, осум месеци по трагичната смрт на нејзиниот сопруг

Американската актерка Обри Плаза одлучи да ја продаде својата луксузна вила во Лос Анџелес, само осум месеци по смртта на нејзиниот сопруг, познатиот сценарист и режисер Џеф Баена.

Имено, Обри и Џеф ја купиле оваа вила во престижниот кварт Лос Фелиз во октомври 2022 година за 4,7 милиони долари, а актерката сега објави дека го продава имотот по цена од 6,5 милиони долари.

Вилата е изградена во шпански стил и има четири спални соби и пет и пол бањи. Покрај тоа, имотот нуди сала за проекции, винска визба, базен и пространа сауна. На огласот за продажба се наведува дека куќата е „внимателно и со вкус реновирана“.

„Ова е повеќе од дом. Тоа е приватно засолниште, оживеано со грижа, стил и траен карактер. Ретка можност за оние кои бараат простор, изолација и автентичен шпански шарм“, се вели во описот на куќата.

Инаку, Џеф Баена, кој имаше 47 години, бeше пронајден мртов на 3 јануари во нивната заедничка вила. Полицијата утврди дека тој си го одзел животот. Во тоа време, Обри живеела во Њујорк, каде што се преселила во септември 2024 година. Според полицискиот извештај, двојката била разделена некое време пред неговата смрт.

„Џефри Баена е разделен од сопругата од септември 2024 година, кога се преселила во Њујорк. Починатиот разговарал со сопругата по телефон синоќа“, се наведува во извештајот.

Обри неодамна отворено проговори за губењето на сопругот во подкастот „Гуд хенг“ на нејзината пријателка Ејми Полер. На почетокот на емисијата, Ејми ја праша: „Во име на сите луѓе кои чувствуваат дека ве познаваат и луѓето кои ве познаваат, како се чувствуваш денес?“.

Плаза искрено одговори: „Во ова многу тешко време, среќна сум што сум со вас. Генерално, тука сум и функционирам. Се чувствувам навистина благодарна што се движам низ светот. Мислам дека сум добро, но очигледно е како секојдневна борба.“

Таа исто така додаде дека тагата се чувствува како „огромен океан од ужас што е таму. Го гледам. И понекогаш само сакам да се нурнам во него и само да бидам во него. А потоа понекогаш само го гледам. А потоа понекогаш само се обидувам да избегам од него. Но, секогаш е таму. Едноставно секогаш е таму.“

Обри Плаза и Џеф Баена почнаа да се забавуваат во 2010 година, а во 2021 година, актерката откри дека тајно се венчале.

На 47 години: Сопругот на актерката Обри Плаза пронајден мртов во својот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот