„Wall Street“ забележа раст по нестабилното тргување

Инвеститорите се охрабрија од најавите на централната банка за помош на компаниите.

На „Wall Street“ берзантските индекси забележаа раст благодарение на најавите на американската централна банка за понатамошно потпомагање на економијата, но се тргуваше нестабилно бидејќи инвеститорите се плашат од втор бран на ширење на корона вирусот.

„Dow Jones“ порасна за 157 бодови или 0,62 отсто и сега изнесува 25.763 бодови, додека „S&P 500“ зајакна за 0,83 отсто, на 3.066 бодови, a „Nasdaq“ индексот порасна за 1,43 проценти и сега изнесува 9.726 бодови.

На почетокот од вчерашното тргување овие индекси беа во минус за речиси два отсто бидејќи инвеститорите беа вознемирени од вестите за ново жариште на корона вирусот на пазар во Пекинг, поради што властите на главниот град на Кина го затворија средиштето и околуната на стамбените населби.

Но од друг дел на тргувањето инвеститорите се охрабрија од најавите на централната банка за помош на компаниите.

ФЕД прво ги претстави деталите на програмата за кредитирање на малите и средни претпријатија, а потоа и програмата за купување корпоративни обврзници, што пак дополнително ќе го подобри ликвидниот состав и ќе го поддржи опоравувањето на економиите.

– Нема сомнеж дека тоа му се допаѓа на пазарот, кој не би сакал уште колачиња и шлаг? Тоа го наведуваат инвеститорите кои купуваат акции и ризични инвестиции бидејќи ФЕД ги поддржа пазарните обврзници и ги притисна каматните стапки, вели Роберт Павлик, стратег во компанијата „SlateStone Wealth“.

Благодарение на големите фискални и монетарни поттикнувања на властите ширум светот, најголемите трговски берзи забележаа силен раст од крајот на март до почетокот на јуни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот