Вучиќ го предложи министерот за одбрана за нов претседател на Српската напредна партија

Фото: ТВ Хепи / принтскрин

Претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов лидер на таа партија. Вучевиќ е правник и политичар, а во моментов е министер за одбрана на Србија, потпретседател на Владата и потпретседател на СНС.

Вучиќ на Собранието на СНС што се одржува во Крагуевац изјави дека по друга точка од дневниот ред и формално ќе го предложи Вучевиќ за претседател на партијата.

„Предлагам да го избереме Милош Вучевиќ за претседател на СНС, а тој, се разбира, ќе се консултира со сите нас за да донесе одлуки за идното раководство и претседателството“, рече Вучиќ обраќајќи им се на присутните делегати.

Српскиот претседател нагласи дека никогаш нема да ја напушти СНС, но дека е време да се повлече од нејзиното раководство.. – Премногу ја сакам оваа партија. Оваа партија, заедно со моите деца, е мојот живот. Нема да ја напуштам оваа партија додека сум жив, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека смета оти е потребен „малку поинаков пристап“, обединување на поголем број сили на оние кои сакаат да се изборат за победа на родољубива и успешна Србија, мислејќи на формирањето на Народно движење за државата, чие основање го најави претходно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот