Фото: X

Вучиќ ги нарече „олош“ европратениците кои беа на протест во Нови Сад каде полицијата со шок бомби ги растера демонстрантите

Откако српската полиција синоќа упадна во Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад и брутално со шок бомби ги растера учесниците на протестот о Нови Сад, претседателот Александар Вучиќ најави апсења, а претставници на ЕП од Европските зелени кои беа на протестот ги нарече „европски олош“.

-Некој олош се собра таму. Олош што не може да владее дури ни во своите земји. Јас сум им благодарен што ни покажаа каде им е местото и како мора да се бориме против оние што беа во Нови Сад вечерва… Оние што дојдоа да ја уништат Србија однадвор, од странство, мора да знаат дека ќе им се спротивставиме посилно отколку што мислеа – рече Вучиќ.

Тој изјави дека на демонстрантите во Нови Сад „им помогна олош од Европската зелена партија, најлошиот европски олош што вечерва дојде во Нови Сад за да го поддржи ова насилство“ и дека ќе бидат процесуирани во согласност со законите на Србија.

Кажа дека повредени се 11 полицајци. Според него, на сите протести против владата во неколку градови во Србија се собрале 9.380 луѓе, од кои 7.020 биле во Нови Сад, каде само имало инциденти.

Српската полиција откако доцна синоќа почна да растерува демостранти во Нови Сад, упадна по полноќ во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад и со нив беше и ректорот Дејан Мадиќ. Зградата на Ректоратот е под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата.

Студентите во блокадата објавија на социјалните мрежи дека има студенти, професори, граѓани и медицински работници се во зградата на Ректоратот, и дека полицијата ги спровела во амфитеатарот.

-На сите од ректоратот им беше наредено да бидат во амфитеатарот, сето ова го организираше ректорот Мадиќ, сега тропаат на врати, се сомневаме дека нешто може да се случува, адвокати доаѓаат – напишаа студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад.

Тие исто така изјавија дека припадник на жандармеријата нападнал студент од Филозофскиот факултет во амфитеатарот, и му избил од раце телефон што го користел за да снима што се случува во живо, јави Бета.

-Колега од Филозофскиот факултет кој снимал пренос во живо за веб-страница на факултетот во блокада бил нападнат, ова апсолутно може да се смета за напад врз новинар – додадоа студентите.

Утрово околу три часот полицијата ги пушти студентите и граѓаните од амфитеатарот по неколкучасовно нивно задржување.

Околу полноќ полицијата беше распоредена и околу ПМФ во Нови Сад, но деканот и професори од тој факултет не дозволија полицајци во опрема за разбивање демонстрации да упаднат на тој факултет.

Полицијата употреби солзавец, шок бомби и палки за да ги растера учесниците на протестот пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад. По нивната акција студентскиот кампус беше испразнет од од студенти, професори и граѓани, по мирниот протест.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека имаат сознанија дека учесниците на ненајавениот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата стационирана пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во тој град.

Во Нови Сад се одржа протест – Србија, дали се слушаме – на кој повикаа студентите во блокада. Причина беше кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот