Адел / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Вртоглава сума: Адел одби понуда вредна 200 милиони долари само поради една причина

Познатата пејачка Адел одбила потенцијална исплата од 200 милиони долари, што е најголемата понуда во нејзината кариера досега, само за да ја продолжи својата турнеја.

Тоа била понуда што можеше да ја однесе во Кина, каде што ќе имаше настапи во казиното во Макао слични на оние што ги имаше во Лас Вегас под името „Викенди со Адел“, пишува „Дејли мејл“.

Како што знаеме, пејачката ги започна настапите „Weekends With Adele“ во ноември 2022 година, а ќе заврши на 23 ноември оваа година. Ќе има вкупно 100 концерти. Наводно секој концерт бил платен по 500.000 фунти, но изгледа дека парите не ѝ се на прво место на ѕвездата која покрај кинеската понуда добила и понуда за турнеја низ Европа, Азија и Јужна Америка.

„Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да биде дома со своето дете. Кинескиот договор стави милиони долари на маса, но на крајот таа не сакаше да го направи тоа. Ги стави своето дете, нејзиниот партнер и себеси на прво место“, истакнал изворот дека на пејачката поважни и се синот Анџело и нејзиниот партнер, спортскиот агент Рич Пол.

Познато е дека подоцна оваа година музичарката планира да се пресели во Англија, каде има луксузен стан во центарот на Лондон, бидејќи таму попрво би го одгледувала Анџело. Како што знаеме, Адел објави дека се повлекува од сцената некое време за да се фокусира на семејството и на други креативни работи.

„Ги потрошив последните седум години градејќи нов живот за себе и сакам да го живеам сега“, изјави ѕвездата претходно.

Адел и официјално е „најскапата пејачка“: Билетите за нејзините концерти достигнаа рекордна цена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот