Училиште / фото: Фејсбук / илустрација

Врсници тепале девојче во скопско училиште, мајката пријавила во полиција

Нов случај на врсничко насилство во Скопје е забележан во училиште во населбата Кисела Вода, каде двајца соученици нападнале девојче, соопшти МВР.

„Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, С.Б.А.(50) од Скопје пријави дека истиот ден во спортска сала во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од двајца соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

ВИДЕО: Нов случај на брутално насилство меѓу деца – врснички со месеци малтретирале девојче во Штип, машките снимале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот