
ВИДЕО | Вратите на затворот се отворија за идната англиска кралица: Кејт Мидлтон ги изненади сите со своето присуство
Кејт Мидлтон денеска го посети женскиот затвор во одделението за мајкa и бебе во Чешир, Англија. Принцезата од Велс е покровител на добротворна организација која ги штити и поддржува ранливите деца и млади луѓе, а целта на нејзината посета на затворот Стајлс беше да ја промовира важноста на односот мајка-бебе дури и во најпредизвикувачките средини.
Препорачано
Стајл е затвор и институција за млади престапници постари од 18 години, и има специјално одделение за мајки и бебиња, кое денеска го посетила Кејт.
Идната англиска кралица ја посетила и градинката во затворот за да види каде бебињата и децата кои престојуваат таму имаат можност да учат и играат.
Ова е петти пат Кејт да дојде во официјална посета за нешто повеќе од две недели, што е големо изненадување за сите бидејќи најави дека полека ќе се враќа на обврските.
Болеста на принцезата е во ремисија токму затоа е решена да се посвети на активности кои, како што вели, се една од важните цели во нејзиниот живот – борбата за најдобри можни услови за ран развој на децата. Таа дури го опиша ова поле како нејзино „животно дело“.
Таа разговараше со персоналот и со поранешните затвореници, а главни теми беа поддршката што им се дава на мајките во рамките на ова одделение – програми во градинка, насочени интервенции и, воопшто, родителска помош за мајките кои живеат во затвор.