Затворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Вработените во скопската Зоолошка излегоа на протест – сè уште ја немаат земено мартовската плата

Вработените во скопската Зоолошка градина денеска излегоа на мирен протест поради тоа што се уште немаат земено плата за месец март. Дел од нив информираа дека од вчера немаат ниту здравствено осигурување поради навремено недобиена плата. Апелираат наоѓање на решение, за да не дојде до поголеми штрајкови.

-Излегоа шпекулации дека платата била заглавена поради Град Скопје. Не обвинуваме никого туку бараме само плата. Не знаеме зошто не не исплати Министерството за култура. Дел земале плата, а останавме само ние под локална власт. Вработени се скоро 50 лица во Зоолошката градина. Од Министерството конктатирале со сметководството во Зоолошка, нашиве пратиле некој одговор и толку е. Се се штури информации. Ова е првпат, кажа Миле Танески, претседател на Синдикална организација при Зоолошката градина-Скопје.

-Велигден го поминавме без плата, Први мај го поминавме без плата…Да сфатат дека сме без пари. Ова е многу, додаде вработениот.

Јоаким Неделков, претседателот на СОНК информира дека е можно е затворање на Зоолошката доколку не се исплати платата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот