
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Брат и сестра од Киев во живо го снимале сопственото самоубиство
Младo момче и девојка во живо на социјалните мрежи го пренесоа самоубиствениот скок од 24 кат на зграда во Киев.
Препорачано
Полицијата соопштила дека станува збор за брат и сестра на возраст од 17 и 18 години. „Жртвите од здобиените повреди починале на лице место“, се вели во соопштението на полицијата, пренсува „Б92“.
На вознемирувачкото видео се гледаат момче и девојка како скокаат од балконот држејќи се за раце. Во позадина можат да се слушнат последните зборови што момчето ѝ ги кажува на својата сестра пред да скокне.
„Те сакам“, се слуша на снимката.
— Pluton (@Pluton45873221) October 3, 2023
Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерите се самоубиле во понеделникот во 11 часот и 10 минути во зградата каде што претходно изнајмиле стан. Тие потекнуваат од градот Березан.
„До десет години момчето живеело во сиропиталиште. Девојчето исто така живеело во сиропиталиште до својата четврта година“, рекол извор од истрагата.
Девојката која скокнала од зградата имала полусестра (17) која била на распит.
„Тинејџерите неодамна активно користеле дрога и биле депресивни“, вели извор од истрагата.
— Pluton (@Pluton45873221) October 3, 2023
Ден пред самоубиството создале канал на социјалната мрежа Телеграм, наречен „The Walking Dead“ а 30 минути пред трагедијата објавиле десетици видеа на кои кажуваат како се подготвуваат за самоубиство.