Во Германија две тинејџерки со шамари и клоци тепале девојка – и кога паднала, продолжиле да ја газат

Врсничко насилство / илустрација

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како две девојчиња тепаат 14-годишна тинејџерка во трговски центар во Дрезден, Германија.

Како што пишува Билд, на оваа снимка се гледа како една девојка лежи на подот, додека други двe ја удираат и клоцаат, a во позадина се слуша „Доста и е“.

Менаџерот на трговскиот центар го осуди ова насилство и рече дека е неопходно снимката да биде достапна на полицијата поради истрага.

Во меѓувреме девојчињата од видеото се идентификувани, а истрагата се уште е во тек.

Неодамна се случи уште еден случај на насилство на врсници, кога девојка беше полеана со вода, а потоа тепана.

Освен зголемениот број на случаи на врсничко насилство во оваа земја, новата германска статистика за криминалот покажува пораст на криминалот кај децата и младите, а експертите се скептични за предлозите за намалување на возраста за кривична одговорност.

Бројот на злосторства извршени од деца во Германија се зголемил за една третина во 2022 година во споредба со претходната година, покажуваат статистичките податоци објавени денеска од Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА).

Вкупно 5,6 милиони кривични дела се регистрирани во Германија во 2022 година – 11,5 проценти повеќе отколку во 2021 година.

Бројот на осомничени, исто така, се зголеми за нешто повеќе од 10,7 отсто во споредба со 2021 година, на нешто повеќе од 2 милиони.

Меѓу осомничените, пак, бројот на деца под 14-годишна возраст се зголеми на 93.095 – што е за 35,5 отсто повеќе од претходната година.

Околу 189.149 осомничени биле на возраст меѓу 14 и 18 години – во 2019 година оваа бројка била 177.082.

Најчести злосторства извршени од деца и млади се кражбите, потоа напад, материјална штета и прекршоци поврзани со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот