Фото: „Сакам да кажам“ (СДК.мк)

„Воздух или смрт“, испишаа со светлина струшки активисти на зградата на општината

Во герила-акција на граѓански активисти од Струга, доцна вечерва зградата на општината беше осветлена со пораки за чист воздух и вода, јавува „СДК.мк“.

На зградата на општината беа проектирани паролите „Нема воздух, нема вода, нема живот“, „Воздух или смрт“, „Сите се труеме“, „Струга се суши“, „Чист воздух е право, а не привилегија“.

Активистите велат дека е опасно да се живее во град кој со години се труе од дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на два километри од Охридското Езеро.

Откако македонските судови ја отфрлија тужбата поднесена од Здружението на млади правници, сега Судот за човекови права во Стразбур ќе одлучува за горливиот струшки здравствен и еколошки проблем.

Денеска Струга остана и без вода од 13 часот, а дел од околните населби и села немаа вода од 17 часот. Стружани скоро секоја година во текот на летото се соочуваат со проблем во водоснабдувањето, но ова е првпат да нема вода во септември.

Судот во Стразбур ќе одлучува за депонијата која ја труе Струга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот