Возач прегазил пешак во Богданци, побегнал, па по еден час се пријавил сам во полициска станица

Ноќеска во 01.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Дојранска” во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) од Богданци, кој бил пренесен во Општа болница Гевгелија за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Во 03.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.В.(37) од Богданци пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Дојранска” во Богданци со своето патничко возило „фолксваген бора” со гевгелиски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото затоа што, како што пријавил, немал телефон да повика помош.

Според пријавеното, откако нашол негов другар се јавиле на 194. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот