Вооружен напад на картелот Голф во Мексико, најмалку 15 мртви

Фото: EPA/ULISES RUIZ BASURTO

Најмалку 15 лица загинаа во вооружен напад извршен од неколку возила во пограничниот град Рејноза во североистокот на Мексико.

Западни медиуми посочуваат дека со криминалните активности раководи картелот Голф, кого го потресува внатрешна борба за превласт.

Локалните власти потврдија дека нападот почнал вчера попладне, на неколку места во источниот дел на Рејноза, кој се граничи со американскиот град Мекален во Тексас, наведувајќи дека „владее паника меѓу граѓаните”.

Како резултат на овој напад распоредени се единици на мексиканската армија, Националната гарда, полицијата и другите безбедносни агенции.

Полицијата заплени три возила и уапси лице кое во багажникот на неговиот автомобил држело две жени, кои очигледно биле киднапирани.

Градоначалникот на Рејноза, Ортиз Домингез побара да се расчисти овој вооружен напад и да се обезбеди заштита на сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот