фото: kfsm.mk

Војдан потпиша нов договор со Гравелин

Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, и во наредната сезона ќе го носи дресот на Гравелин Данкерк, откако постигна договор за продолжување на соработката со овој француски прволигаш.

– Задоволен сум што уште сега го решив прашањето каде ќе играм во наредната сезона, односно во еден квалитетен клуб каков што е Гравелин Данкерк. Можам да кажам дека пресудна беше довербата на тренерот, кој ми даде голема слобода во двата месеци што ги минав во клубот. Имавме беспрекорна соработка и очекувам во иста насока да продолжиме и во следната сезона. Секако, со уште подобри резултати од овие кои ги имаше клубот во оваа натпреварувачка сезона – потврдува Стојановски.

По успешниот старт во ЛНБ лигата на Франција како играч на По Лак Ортез, Војдан пристигна во Гравелин Данкерк кон средината на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот