Водовод демантира дека денеска ќе нема вода во Скопје, неовластени лица ширеле неточни и непроверени информации

Во текот на  денешниот  ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопшти доцна вечерва јавното претпријатие Водовод и канализација.

За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.

Денеска  сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење, велат од јавното претпријатие Водовод и канализација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот