
Водителката на прекинатата емисија на руската телевизија има црногорско државјанство
Водителката на информативната емисија „Времја и новости“ на руската телевизија Канал 1 – блиска до властите во Москва, зад чиј грб во понеделникот во директен пренос се појави Марина Овсјаникова држејќи антивоена порака во рацете, е Екатерина Сергејевна Андрејева, покрај руското, има и црногорско државјанство.
Препорачано
Според податоците на Владата на Црна Гора, доставени до невладините организации, Андрејева добила црногорски пасош во 2011
Андрејева често на социјалните мрежи објавува свои фотографии од Црна Гора.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во 2015 година, објавил дека Андреева е државјанин на Црна Гора, и дека е во во брак со црногорскиот бизнисмен Душан Перовиќ. Перовиќ извесен период беше и шеф на претставништвото на Република Српска во Москва.
A woman burst onto Russia’s main live evening newscast today with a sign that says:
“Stop the war
Don’t believe propaganda
They’re lying to you”And chanting: “Stop the war! No to war!”pic.twitter.com/pKVKZFVEM3
— max seddon (@maxseddon) March 14, 2022
Во понеделникот, за време на емисијата „Времја“ чиј водител е Андреева, Марина Овсјаникова се појави зад грбот на Андреева со натпис „Не на војната, стоп војната“.
Судот ја прогласи Овсјаникова за виновна за кршење на законот за протести, и ја казни со парична казна во вредност од 30.000 рубли или околу 250 евра. Според неколку извори нејзината казна се однесува на претходно објавеното видео на социјалните мрежи во кое тврдеше дека со години ја ширела пропагандата на Кремљ и дека се срами поради тоа.
ВИДЕО: Руската новинарка доби парична казна, Макрон и понуди азил