
ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута
00.40ч Ново драматично обраќање на Зеленски: Нѐ чека тешка ноќ и руски јуриш на Киев, мораме да издржиме
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видеопорака до нацијата најави дека земјата и особено Киев, ги очекува тешка ноќ, бидејќи се очекува налет на руската армија врз главниот град. Во речиси петминутиот говор, Зеленски ги повика граѓаните да го бранат главниот град на Украина со сите средства.
Препорачано
Во текот на целата вечер во Киев се слушаат експлозии од ракетни напади и истрели од оружје, а слична е ситуацијата и во неколку поголеми градови низ земјата, меѓу кои и Одеса.
00.22ч Русија стави вето на резолуцијата во ОН што ја осудува нејзината агресија, Кина воздржана
Русија, како и што се очекуваше, стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина. На гласањето во зградата нa Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата.
Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји членки на 15-члениот форум на Светската органзиација. Единаесет земји во Советот гласаа „за” резолуцијата, која ја осудува руската агресија и го потврдува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзината независност.
23.28ч Украина е подготвена да разговара за прекин на огнот и мир
Прес секретарот на украинскиот претседател, Серхиј Никифоров вечерва на Фејсбук објави дека „Украина е подготвена да разговара за прекин на огнот и мир, а во тек се консултации за местото и времето на преговарачкиот процес со Русија“, пренесе украинската агенција Укринформ.
– Честитки колеги! Морам да ги отфрлам наводите дека одбиваме да преговараме. Украина беше и останува подготвена да зборува за прекин на огнот и мир. Ова е нашиот постојан став. Се согласивме со предлогот на претседателот на Руската Федерација. Овие часови се водеа консултации меѓу страните за местото и времето на преговарачкиот процес. Колку побрзо почнат преговорите, толку се поголеми шансите за враќање во нормален живот – напиша Никифоров.
22.41ч Папата твитна на руски: Секоја војна е срамна капитулација
„Секоја војна го остава светот во полоша состојба отколку што беше. Секоја војна е пораз на политиката и човештвото, срамна капитулација пред силите на злото“, напиша Папата, користејќи извадок од неговата енциклика Fratelli tutti (Сите браќа ) објавено пред две години.
Твитовите на Папата најчесто се објавуваат на италијански, полски, португалски, француски, англиски, шпански, германски и арапски. Овој пат беше додаден руски.
22.00ч Словачка регистрира повеќе од 7.000 преминувања на границата од Украина
Само во првиот ден од руската инвазија врз Украина соседна Словачка регистрирала повеќе од 7.000 гранични преминувања од украинска страна, јави ДПА.
Словачкото Министерство за внатрешни работи денеска информира дека од средата до денеска 7.490 украински државјани ја минале границата, што е пет пати поголем проток на луѓе од редовниот број на премини, околу 1.400 дневно.
21.19ч И боксерот Кличко зеде пушка в рака: „Немам друг избор, ќе се борам“
Легендарниот боксер Виталиј Кличко, некогашниот светски првак во тешка категорија, кој моментно е градоначалник на украинската престолнина Киев, објави дека ја замрзнува функцијата и оди на фронт против руската армија која од вчера наутро изврши агресија врз Украина.
„Немам друг избор, морам тоа да го направам. Ќе се борам“, рече Кличко денеска за британскиот ББЦ.
20.33ч Тенкот кој го прегази автомобилот не е руски – откриена вистината за шокантната снимка
Руската армија денеска со тенкови го опколи Киев, а на социјалните мрежи набрзо се појави вознемирувачко видео од оклопно возило кое прегази патнички автомобил. Од OCCRP вечерва ја демантираат веста, велејќи дека не се работи за руско оклопно возило, туку за украинско кое изгубило контрола.
20.02ч АУДИО | Последните зборови на загинатите украински војници до руските: Е*ете се!
Руската морнарица ги уби сите 13 украински војници на Змискиот остров, протече аудио комуникацијата.
Островчето се наоѓа во близина на границата меѓу Романија и Украина, а Русите го нападнаа во текот на попладневните часови.
19.37ч ВИДЕО | Драматични снимки од Киев: Руски тенк згмечи автомобил во кој имаше човек
Украинските власти јавиле дека руските сили влегле во престолнината на Украина, Киев, а претходно влегле во населбата Оболон, на околу 10 километри од центарот на Киев.
Потоа се појавила видео снимка на која се гледа руски тенк кој удира во автомобил во кој имало човек.
„Моментот кога руски тенк прегазува автомобил со човек во Киев“, се наведува во описот на видеото.
?KAKVO ČUDO / Uprkos velikom oštećenju automobila, vozač prošao bez težih povreda: Prolaznici daju sve od sebe da ga oslobode #UkraineUnderAttack #BreakingNews pic.twitter.com/Wl4VKFAgat
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) February 25, 2022
19.01ч УНХЦР: За 48 часа над 50 илјади украински бегалци ја напуштија земјата
Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, изјави високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди, додавајќи дека повеќето отишле во Полска и Молдавија, пренесува Си-Ен-Ен.
„Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, повеќето од нив во Полска и Молдавија, а многумина се движат кон границите. Од срце им благодарам на владите и народите на земјите кои ги отворија границите и ги пречекуваат бегалците”, напиша Гранди на Твитер.
18.37ч Русија ракетира градинка, има загинати и повредени, меѓу нив и деца, тврдат Украинците
„Киев индепендет“ објави дека руски проектили погодиле засолниште и градинка во североисточниот украински град Охтирка. Тие наведуваат дека има загинати и повредени, а меѓу нив има и деца.
18.01 ч ВИДЕО: Запален штабот на Тајната служба на Украина, Киев тврди дека се уништени повеќе од 30 руски тенкови
Си-Ен-Ен јави дека е запалено регионалното седиште на Службата за безбедност на Украина, а сведокот кога контактирал со тој медиум рекол дека пожарот сѐ уште не е локализиран.
Breaking: Chernihiv security department is on fire after it was targeted by Russian forces.
pic.twitter.com/sXnoB6wxnQ— PM Breaking News (@PMBreakingNews) February 25, 2022
17.48ч ВИДЕО: Запален штабот на Тајната служба на Украина, уништени повеќе од 30 руски тенкови
Си-Ен-Ен јави дека е запалено регионалното седиште на Службата за безбедност на Украина, а сведокот кога контактирал со тој медиум рекол дека пожарот сѐ уште не е локализиран.
Breaking: Chernihiv security department is on fire after it was targeted by Russian forces.
pic.twitter.com/sXnoB6wxnQ— PM Breaking News (@PMBreakingNews) February 25, 2022
17.01ч Млад украински маринец е разнесен откако успешно го минирал мостот и значително ги забавил руските војници
Украински војник, маринецот Виталиј Володимирович Скакун, загина откако кренал во воздух мост за да спречи продор на руска тенковска колона, потврди Генералштабот на украинските вооружени сили.
„Во овој тежок ден за нашата земја, кога украинскиот народ им дава отпор на руските окупатори од сите правци, едно од најтешките места на територијата на Украина беше крстосницата на Крим каде специјален баталјон на маринци се сретна со непријателот. За да се запре продорот на тенковската колона, донесена е одлука за уривање на мост“, почнува соопштението на украинскиот Генералштаб објавено на „Фејсбук“ со наслов „Херои на моментот“.
The heroism being displayed by Ukrainians like Vitaly Skakun, or the defenders of Snake Island, is deeply humbling and moving. The Putin regime stands forever condemned and must pay a lasting price for its crimes. https://t.co/eZs0FQxR9f
— Simon Clarke MP (@SimonClarkeMP) February 25, 2022
16.36ч Борел со порака до Русите: Путин не е рускиот народ
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел денеска директно на Твитер им се обрати на Русите, нагласувајќи дека „Путин не е рускиот народ”.
„Кремљ не е Русија. Путин не е рускиот народ”, напиша Борел.
15.45ч. Започна вонредниот лидерски состанок на НАТО
Лидерите на земјите членки на НАТО заедно со партнерите од Шведска, Финска и ЕУ го почнаа вонредниот состанок посветен на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Некои од лидерите се присутни физички бидејќи до доцна ноќва учествуваа на ЕУ самитот во Брисел, останатите се поврзуваат преку безбедна видео врска.
Триесетте лидери на НАТО земјите, како и на Шведска и Финска, и претставниците на ЕУ ќе разговараат за состојбата и подготвеноста на НАТО во источниот дел близу Украина.
15.33ч. Стано: Никој не може да ја предвиди конечната цел на руската воена инвазија на Украина
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска во Брисел изјави дека никој не може да ја предвиди конечната цел на руската воена инвазија на Украина и ги отфрли објаснувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека станува збор за спречување геноцид и „денацификација” на Украина.
„Тоа е целосно бесмислено, бидејќи тој е тој што го прави (геноцидот) или е на пат да го направи. Тој зборува за ослободување на Украина од нацизмот, но се однесува како нацист”, рече Стано.
14.41ч. ЕУ подготвува жесток одговор – остри директни санкции за Путин и Лавров
ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс”.

Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево планираат да одобрат нов пакет санкции, заедно со низата мерки против руските банки и индустрија.
На Путин и на Лавров нема да им се забрани да патуваат, пишува ФТ, нагласувајќи ја подготвеноста на ЕУ симболично да ги задржи отворени дипломатските можности за компромис.
Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, за британските медиуми истакна дека Унијата во следниот период би можела да погоди со санкции повеќе руски олигарси.
14.27ч. Неочекуван пресврт: Путин сака да разговара со Зеленски
Рускиот претседател Владимир Путин одговори на повикот на Владимир Зеленски за почеток на мировни преговори.
Путин ја прифати поканата на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, да започне преговори за решавање на кризата во Украина и прекин на воените дејствија, пренесе РИА новости.
Путин телефонски разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
14.05ч. ВИДЕО| Украинците им возвратија на Русите -Ракетирале воен аердором на руска територија во близина на Ростов
Гори аеродромот во близина на рускиот град Ростов. Као што пренесуваат руските медиуми врз аердомот стрелала украинската армија која го погодила аердомот со еден проектил.
Рускиот воен аеродром се наоѓа во близина на границата со Украина.
Си-Ен-Ен цитира видеа објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како ракета со долг дострел го погодува аеродромот и предизвикува неколку пожари на пистата, во близина на Ростов во Русија, на десетина километри од границата со Украина.
13.24ч. Првиот бран бегалци регистриран од Украина кон соседните земји
На вториот ден од руската инвазија на Украина во соседните земји веќе е регистириран првиот бран на бегалци. Граничните премини на украинската граница со Полска, Словачка, Унгарија и Романија веќе се пренатрупани, претежно со жени и деца кои чекаат да ја напуштат земјата, бидејќи Украина го ограничи преминот на мажи на возраст меѓу 18 и 60 години.

Полските локални медиуми објавија дека некои чекале 16 до 18 часа на ужасниот студ за да влезат во градот Медик во јужна Полска. Граничните власти соопштија дека 29.000 луѓе влегле во Полска од Украина од четвртокот, но не е познато колку биле воени бегалци, а колку Полјаци се вратиле дома.
13.10ч. Кинескиот претседател поддржува решение на украинската криза по пат на преговори меѓу Москва и Киев
Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изјавил дека поддржува решение за украинската криза по пат на преговори.
„Ситуацијата во источна Украина се менува мошне брзо…Кина поддржува решение за кризата по пат на преговори меѓу Русија и Украина”, ја цитира изјавата на Си Кинеската национална телевизија CCTV.
12.45ч. Ова е планот на Путин, шах-мат во пет потези
Американските и украинските разузнавачи дадоа речиси идентични проценки за тоа како Русија има намера да го освои Киев и да ја „обезглави“ окупираната Украина.
Според извештаите од теренот, руски тенкови утринава влегле во Киев, а се проценува дека првата цел на Русија е да го опколи главниот град на Украина со оклопни сили, во кои се наоѓа и претседателот Володимир Зеленски, кој претходно изјави дека нема да бега од Киев.
Американските разузнавачки служби, пак, предупредуваат на, според нив, планот на Русија за иднината, а намерата, како што оценуваат, е „обезглавување на украинските власти“.
12.30ч. ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?
Култните „Симпсонови“ многупати досега „предвиделе“ многу важни настани во светот во нивниот наратив, а корисниците на социјалните мрежи сега се убедени дека популарната серија ја предвиде и руската инвазија на Украина.
Набргу по трагичниот настан кој вчера го потресе целиот свет, корисниците на „Твитер“ го споредија конфликтот со епизодата од „Симпсонови“ од 1998 година наречена „Simpson Tide“.
Во таа епизода, Хомер случајно пука во капетан на подморница во руските води за време на воена вежба, што го натера новообновениот Советски Сојуз да распореди војници и тенкови на улиците и веднаш да го оживеат Берлинскиот ѕид.
12.26ч. Министри за внатрешни работи од ЕУ на вонреден состанок за „конкретни одговори на ситуацијата во Украина”
Министрите за внатрешни работи на Европската унија викендов ќе одржат вонреден состанок на кој ќе разгледуваат „конкретни одговори на ситуацијата во Украина”.
„На дневен ред се неколку теми, вклучително и европскиот одговор на хуманитарното и безбедносното влијание, како и одмаздничките мерки”, објави денеска на Твитер францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.

ЕУ ноќеска како одговор на рускиот напад врз Украина постигна договор за пакет санкции против Русија во финансискиот сектор, енергетиката и транспортот.
Инаку, министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се состануваат за да ги отпочнат процедурите за воведување санкции против Русија.
12.10ч. Траат жестоки борби низ цела Украина– Украинската војска се обидува да ги потисне Русите од Киев
Украинските сили се борат да ги задржат руските трупи надвор од Киев на вториот ден од руската инвазија, која исто така е обележана со нови воздушни напади и судири на различни боишта низ Украина.
Генералштабот на украинската армија соопшти дека украинските сили пружаат силен отпор на „руските окупатори“ околу Киев.
Во Димер и Иванкив, населби северозападно од градот, украинската војска го запре налетот на „непријателските сили“ на реката Тетрив. Уништен е мостот на реката, се вели во соопштението.
12.00ч. Лавров: Сакаме да ги ослободиме Украинците од угнетување на нацизмот
Русија одлучи да спроведе специјална воена операција з Украинците, „ослободени од угнетување на нацизмот, да можат слободно да одлучуваат за својата иднина“, изјави денеска, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На состанокот со министерот за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Луганск, како и со првиот заменик министер за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Донецк, Лавров појасни дека рускиот претседател, Владимир Путин, одлучил да спроведе специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина.
Според Лавров, Западот го негира фактот за „очигледниот геноцид” во Украина.
11.50ч. Мишел: ЕУ подготвува нов бран санкции против Русија
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, објави дека се подготвува нов бран санкции, откако Киев побара Европската унија посилно да ја присили Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

Дополнителниот пакет санкции е „под итна подготовка”, објави Мишел во твит, само неколку часа откако лидерите на ЕУ ги одобрија мерките за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека не ја погодиле Москва доволно силно.
11.40ч. Русија подготви цел пакет санкции против Западот
Русија подготви цел пакет санкции против земјите кои воведоа рестриктивни мерки кон Москва, а Западот ќе ги почувствува, изјави денеска претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.
– Возвратните меркии нема да бидат идентични со санкциите против Русија, но ние сме целосно свесни за слабоста на Западот. Подготвивме и цел пакет санкции кои ќе ги примениме против оние земји кои воведоа рестриктивни мерки против Русија, истакна Матвијенко пред новинарите.
11:12 ВИДЕО: Руски тенкови влегоа во Киев, се пука околу зградата на владата
Во Моментов во украинската престолнина Киев траат престрелките помеѓу руските трупи и украинската одбрана на градот. Асошиејтед прес јавува дека на улиците на Киев се движат тенкови на руската армија кои делуваат низ одбрамбените позиции на уркаинците.
Според последните извештаи се слушаат истрели и експлозии во делот каде е смесен објекотт на украинската влада

10.23ч. ФОТО: Од Токио до Њујорк, масовни протести против руската инвазија
Демонстрантите излегоа на јавните плоштади и пред руските амбасади во градовите од Токио до Тел Авив и Њујорк за да ја осудат руската инвазија на Украина. Оние пак кои се обидоа да протестираат низ улиците на Русија, беа уапсени.
Најраниот протест се случи пред руската амбасада во Вашингтон околу 1 часот по полноќ, неколку часа откако Путин ја соопшти инвазијата.

10.07ч. „Руската армија преоблечена во украински униформи и се движи кон центарот на Киев“
Руската армија запленила две возила на вооружените сили на Украина, . Руските војници им ги зпаленија унниформите на заробениците, с е пресвлекоа во нив и тргнаа да се движат кон центарот на Киев.
Преоблечените руски војници ги следи колона руски воени камиони,изјаву уркаинскиот заменик министер за одбрана, пренесува Киев Индипендент.
09.50ч. Макрон го осуди „двојството“ на Путин, но сака да продолжи дијалогот
Шефот на француската држава го осудува „двојството” на Путин, но сака да го одржи дијалогот. Тој исто така, најави, по самитот на ЕУ во Брисел, дека Франција ќе го забрза распоредувањето на војници во Романија, како одговор на инвазијата на Украина од страна на руската армија.
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека е корисно да се „остави отворен патот” за дијалог со Москва за да се запре неговата офанзива во Украина, откако имаше „искрена, директна, брза размена” со неговиот руски колега Владимир Путин вчера.

09.40ч. Битка кај Киев: Жестоки борби во преградијата, руска војска на 30 километри од градот
Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека рускиот авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има повредени. Украинскиот претседател ги потврди информациите за руски ракетни напади во Киев.
Од вчера се водат жестоки битки. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, а ги поддржуваат сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
09.15ч. Во источна Украина, бебињата од интензивна нега префрлени во засолниште
Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади.

Дел од населението на Киев се крие од воздушни напади во засолништа, метро станици и подруми на згради.
09.09ч. Путин сака да ја симне Украина од картата на нациите, вели Ле Дриан
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја уништи државноста на Украина, предупредувајќи дека „безбедноста” на нејзиниот претседател Володимир Зеленски е загрозена.
– Ова е тотална војна. Путин одлучи… да ја симне Украина од картата на нациите, изјави Ле Дриан за радиото Франс Интер.
08.50ч. Трас го осуди нападот на Путин: Тоа е варварски и неоправдан чин
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас го критикуваше рускиот напад врз Украина оквалификувајќи го како „варварски” и „неоправдан” и ја повтори поддршката на нејзината земја за Киев.
– Солидарност со Дмитриј Кулеба и украинскиот народ. Нападот на Путин врз Украина е варварски, неоправдан и покажува бесчувствително непочитување на човечкиот живот. Ќе продолжиме да бараме одговорност од Путин и да останеме цврсти во нашата поддршка, напиша таа на Твитер.
08.30 ч. „Анонимус“ ѝ објавија сајбер-војна на Русија, хакирана страната на РТ
„Групата Анонимус официјално е во сајбер војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.
The Anonymous collective is officially in cyber war against the Russian government. #Anonymous #Ukraine
— Anonymous (@YourAnonOne) February 24, 2022
Хакерските активисти собрани во колективот „Анонимус“ немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мнозинството“.
08:26 ч. ВИДЕО: Моменти пред рускиот напад на Змискиот остров на Црното Море
– Секој војник кој го чуваше Змискиот остров на Црното Море загина – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека постхумно ќе им оддаде почит на загинатите.
Тој исто така рече дека 137 украински граѓани, војници и цивили загинале на првиот ден од рускиот напад. Повредени се најмалку 316 лица.
08:03 Руски тенкови се упатуваат кон Киев, украинската армија урна мост
Руски тенкови што се движат кон Киев биле запрени во близина на селото Иванков, каде што украинските сили разнеле мост за да го запрат конвојот, пишува „Украинска правда”, повикувајќи се на извор од Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Како што се наведува, руски тенкови се упатуваат кон Киев, но почнала борба кај Иванков.

7.45 ч. Советот за безбедност со резолуција ќе ја осуди Русија, но Москва може да стави вето
Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за нацрт-резолуција со која се осудува Русија за инвазијата врз Украина и бара таа итно и безусловно да се повлече, но тој обид може да биде неуспешен поради правото на Москва да стави вето.

7.40 ч. Герашченко: Планот на Русија е да се пробие со тенкови до Киев
7.30 ч. Зеленски: Целта на овој напад е притисок врз вас граѓани
Украинскиот претседател Владимир Зеленски утринава изјави дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци.
– Ние сами си ја браниме државата. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно, нагласи Зеленски.