
ВО ЖИВО: Полицијата нападната со камења и шишиња, возврати со шок бомба
Ескалираат немирите иницирани од демонстрантите кои попладнево протестираат против пресудите на обвинетите во случајот „Монструм“. Откако полициски сили поддржани со оклопни возила им го попречија патот на демонстраните кај Мавровка, тие почнаа да фрлаат со камења и шишиња кон нив.
Препорачано
Снимките покажуваат дека група облечена во црна облека и со фантомки на главите се издвојуваше од останатите демонстранти и во неколку наврати ја каменува полицијата.
Редарите на протестот, замислен како мирно изразување на незадоволството од пресудите за „Монструм“, се обидуваа да ја спречат оваа група насилници да се конфронтираат со полицијата, а во еден момент полициските специјалци тргнаа кон демонстрантите и ги принудија да се повлечат кон Битпазар.
Репортерот на „Слободен печат“ јавува дека полицијата во знак на предупредување на демонстраните употребила и шок бомба.
ВО ЖИВО: Почна протестот за случајот „Монструм“ – свирежи и извици ечат низ Чаир
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5