
Во затворена група на „Телеграм“ македонски средношколци споделуваат експлицитни фотографии од врсници
Преку затворена група на социјалната мрежа „Телеграм“ со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, објави Радио МОФ.
Препорачано
До радиото со реакција се јавиле неколку средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на „Телеграм“. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.
Групата за неколку дена стигна до над 7.400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател. Радио МОФ пристапило до групата, каде во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, а следеле и неколку стотици коментари.
Радиото, како што информира, оваа информација ја споделило со МВР, но нема соодветен одговор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
4мин
-
5мин
-
10мин
-
19мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5