Во Велес и Велешко нема лица кои се во домашна изолација поради опасност од заразеност со коронавирус

Во Велес и Велешко нема лица кои се во домашна изолација поради опасност од заразеност со коронавирус, но сепак граѓаните треба да ги почитуваат препораки од Владата за 14-дневната изолација и да избегнуваат контакти со други луѓе и без потреба да не излегуваат од своите домови, потсетува и апелира Бојан Тодоровски од Центарот за јавно здравје, институција која е надлежна за следење на коронавирусот во регионот на Велес и соседните општини.

Тој информира дека завршила домашната изолација-карантин  на едно семејства, мајка и две деца од велешкото село Горно Јаболчиште, кои патувале со автобус во кој беа двајцата сопружници од Дебар, заразени со коронавирус.  

-Заврши 14-дневната домашна изолација и констатиравме дека тие се здрави и  не се заразени со коронавирус, информира Тодоровски. Им препорачува на граѓаните како превентивна заштита  на сопственото и здравјето на останатите да ги почитуваат препораките од Владата и без потреба да не излегуваат од своите домови и да избегнуват контакти со други лица.

Се апалира до граѓаните кои ќе се сомневаат на симптоми на коронавирус веднаш да се јават кај нив во ЈЗУ Центар за јавно здравје на телефонот 071/219-278 , а  да избегнуваат и да не одат кај матичниот доктор и да не одат во службата за Брза помош.

Што се однесува за сезонскиот грип минатата недела имало 354 заболени, што е двојно помалку  од претходната последна недела од февруари, кога беа заболени 817 лица, а што беше и најмногу за една недела.

Тодоровски од увидот на терен очекува  дека оваа втора недела од март ќе има и помалку заболени од сезонски грип, но сепак им препорачува на граѓаните да внимаваат и да немаат директен контакт со заболени.

Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје во текот на февруари во Велес имало вкупно 2.176 заболени од сезонски грип, а во јануари беа само 88.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот