
Во тек е пријавувањето за парична помош за околу 120 илјади ученици и студенти
Министерството за образование и наука објави јавен повик за околу 120.000 млади лица кои преку деветтиот пакет можат да се стекнат со парична помош ако ги исполнуваат условите. На повикот можат да се пријават сите основци и средношколци чии семејства имаат вкупни приходи од нето-плата до 50.000 денари и студентите кои живеат надвор од местото на студирање. Паричната помош ќе се исплаќа во период од шест месеци, започнувајќи од декември оваа година.
Препорачано
Од Министерството очекуваат да се пријават околу 105 илјади ученици од основните и средите училишта, а предвидени се ваучери за 15.000 студенти. За сите млади лица кои нема да се пријават сега или ќе бидат одбиени, МОН ќе го објавува повикот секој месец, најдоцна до петтиот ден и ќе трае седум дена од објавувањето, а исплатата не е ретроактивна.
Сите потребни документи за пријавување се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука, а училиштата се ангажирани во рок од седум дена од денот на завршување на повикот да ги проверат податоците и да ги внесат преку електронска табела изготвена од МОН. Исто така, имаат должност секој месец во период од петнаесетти до дваесетти во месецот да ги проверуваат податоците содржани во пријавата со доставување на потврда за месечните приходи од нето платата остварени во претходниот месец од страна на родителите/старателите на ученикот корисник на финансиската поддршка.
МОН го објави повикот за финансиска поддршка за ученици и студенти
Родителите или старателите ќе бидат информирани преку електронска пошта дали ученикот ги исполнува условите, а сите оние кои ќе бидат одбиени, а сметаат дека ги исполнуваат условите имаат право на приговор. Приговорот, како што појаснуваат од МОН се поднесува преку архивата на училиштето.
Министерството за образование и наука ќе објавува повик секој месец, најдоцна до петтиот ден и ќе трае седум дена од објавувањето, а сите оние кои не се пријавиле или не ги исполниле условите ќе можат повторно да поднесат документи. Пријавувањето за студентите се одвива електронски преку веб-страницата Е-услуги. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето, ќе утврди дали студентот ги исполнува условите.
Падна веб-страницата на МОН, голем интерес за финансиска поддршка за ученици и студенти
Финансиската поддршка е дел од деветтиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра кој содржи 26 мерки за социјална сигурност, наменети за поддршка на ранливите категории на граѓани и компании.
Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари. Од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.
Првиот јавен повик е отворен од 18 до 24 декември оваа година.
Дел од мерките ќе почнат да важат од 1 декември, а некои мерки во зависност од исплатата ќе почнат од јануари. Со мерките, покрај 120 илјади млади лица, опфатени се над 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, повеќе од 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и повеќе од 70 илјади компании.
Со новиот сет антикризни мерки опфатени и 120.00 млади