Во тајфунот што ги погоди Филипините загинаа најмалку 28 лица

Најмалку 28 лица загинаа во налетот на тајфунот Фанфон на Филипините, а 12 сè уште се водат како исчезнати, соопшти денеска националната канцеларија за намалување на ризик од катастрофи.

Вкупно 13 од жртвите биле од провинцијата Илоило, 463 километри јужно од Манила, каде меѓу загинатите има едно шестчлено семејство кое било однесено од поплава.

Другите жртви се од провинциите Капиз, Аклан, Источен Самар, Лејте, Јужен Лејт, Билиран, Самар и Кебу, соопшти канцеларијата.

– Повеќето од загинатите биле погодени од паднати дрва или се удавиле, информира Марк Тимбал, портпарол на националната канцеларија за намалување на ризик од катастрофи.

Фанфон ги погоди источните и централните провинции на католичкиот Божик, принудувајќи повеќе од 58.000 жители да се засолнат во центри за евакуација, бидејќи ветровите корнеа покриви и уништија помалку цврсти куќи.

Фанфон замина од Филипините, но студеното време што го остави зад себе ќе донесе обилен дожд над северниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.

Фанфон беше 21-от циклон што ги погоди Филипините оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот