Фото: илустрација / МИА

Во судар загина момче од скопското село Јурумлери

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. 

Синоќа во 23.45 часот било пријавено дека во скопското село Кадино се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата дежурен лекар на Итната помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот