Полиција / Фото: МВР

Во Струга запленети автомобили „бмв“, „ауди“ и „ламборгини“ – предизвикувале преголема бучава

Од полиција во Струга информираат дека за два дена од струшките улици се отстранети и одземени четири автомобили поради предизвикување преголема бучавост. Возилата денеска ќе бидат испратени на вонреден технички преглед по што, ќе следат соодветни поднесоци.

Имено, на 1 август полицијата одзела два автомобили „БМВ“ и едно „Ауди“, додека неколку часа подоцна, односно следниот ден одземено е и возило „Ламборгини“ поради предизвикување голема бучава.

– На 1 авуст во 21 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, сопрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.Ш. (22) од Струга, со престој во Швајцарија, по што е одземено поради сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, како и автомобил „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управуван од М.Р.(26) македонски државјанин со престој во Холандија, изјави Димоски.

Истиот ден, заради бучавост сопрен е и автомобил „БМВ“ со струшки регистарски таблици, управуван од Б.А.(45) од струшкото село Радолишта, кај кого дополнително е констатирано дека возилото имало непродолжена важност на сообраќајните документи.

Неколку часа подоцна, односно во 30 минути по полноќ на 2 август поради предизвикување голема бучава запрено е и „Ламборгини“ со германски национални ознаки, управувано од 21-годишниот А.А. од Струга, кој бил на привремена работа во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот