Во сообраќајка во Куманово повредени петмина, двајца од нив се полицајци

Фото: архива

Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.

Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот