Во Скопје пронајдени две човечки тела во фаза на распаѓање

Во два одделни случаи, во текот на вчерашниот ден (22 мај) во главниот град биле пронајдени човечки тела во фаза на распаѓање.

Првиот случај во полиција бил пријавен во 14.53 часот.

Според пријавата, на улицата „Анастас Митрев“ од стан во кој живеел 42-годишник, неколку дена се шириела непријатна миризба. При полициска интервенција во станот, телото на 42-годишникот било пронајдено во фаза на распаѓање.

Вториот случај бил пријавен речиси еден час подоцна, во 15.51, во полициската станица Бит Пазар.

Во овој случај скопјанец пријавил дека во разрушена куќа на улицата „Филип Втори“, инаку сопственост на 63-годишник, пронашол мртво тело во фаза на распаѓање.

И во двата случаја увид на местото на настанот извршиле екипи од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител пронајдените телаж се предадени на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот