Во Скопје и Битола: Собири „Семејството, пред сѐ“

Македонско обединувачко движење - МОД / Фото: МИА

Македонското обединувачко движење (МОД) од Битола денеска ќе одржи собор за „зачувување на семејните, традиционални и општествени вредности”, насловен „Семејството, пред сѐ“.

– Наспроти сета неморалност и контроверзност која ни се наметнува, заеднички да искажеме дека нам семејните, традиционалните и моралните вредности ни се пред се! Без разлика на вашата религија, нација и партија ве повикуваме на овој собор. Време е да престанеме да се обојуваме на нации, партии и религии, но потребно е да се обединиме и важноста да ја дадеме на вистинските семејни, традиционални, етички и општествени вредности, наведуваат од МОД.

Според најавата, ќе се одржат два собора во истиот термин од 20 часот, едниот во Битола на плоштад Магнолија, а вториот во Скопје во Жена парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот