Во САД кривични пријави на Американци за шпионирање за Русија, Кина и Иран

Фото: МИА

Американското Министерство за правда соопшти дека иницирало серија кривични случаи кои вклучуваат нелегална продажба на чувствителна технологија, како што е софтверскиот код на Епл со самостоен управувачки систем за автомобили и материјали за производство на проектили, во земји како Русија, Кина и Иран.

Некои од тие случаи се стари со години, но американските власти сега го привлекуваат вниманието на нив за да ја истакнат работата на работната група формирана оваа година со цел да ги разбие нелегалните трговски синџири со други земји, јавија американски медиуми.

Помошникот јавен обвинител Метју Олсен, кој раководи со Одделот за национална безбедност во Министерството за правда, рече дека прави се за да ги спречи противничките земји да стекнат „напредни средства“ кои можат да ја загрозат безбедноста на САД и демократските вредности во светот.

Во еден од случаите објавени синоќа, поранешен софтверски инженер на Епл е обвинет за кражба на податоци за системот за самостојно управување автомобил пред да ја напушти работата во 2018 година и да одлета за Кина ноќта кога агентите на ФБИ извршиле рација во неговиот дом.

Некои случаи веќе резултираа со апсења. Обвинетиот Лиминг Ли беше уапсен претходно овој месец за кражба на илјадници чувствителни датотеки од неговиот работодавец во Калифорнија, вклучително и технолошки информации за развој на нуклеарни подморници и воени авиони, и ги искористил за да им помогне на конкурентските кинески компании.

Покрај тоа, двајца руски државјани, Олег Сергеевич Патуља и Василиј Сергеевич Беседин, беа уапсени овој месец во Аризона под обвинение дека организирале продажба на делови за авиони на руски авиокомпании.

Американското Министерство за правда, исто така, соопшти за посебен кривичен случај во кој се обвинува кинески државјанин за шверц на изостатски графит во Иран, материјал што може да се користи во носот на интерконтинентални балистички, што ги прекршува американските санкции против Техеран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот