Во Русија од труење со алкохол починаа девет лица, откако консумирале локални пијалоци

Алкохол / Фото: Архива

Во рускиот регион Оренбург е отворена кривична истрага поради смртта на девет лица од труење со алкохол, откако консумирале локални пијалоци, што биле произведени во регионот.

Локалната униформирана полиција соопшти дека се истражува  дали алкохолните пијалоци, произведени во регионот што граничи со Казахстан, ги исполнуваат безбедносните стандарди.

Во соопштението се наведува дека девет лица од две села во близина на границата со Казахстан вчера и денеска починале од токсичните ефекти на етанолот во пијалоците.

По случајот со масовно труење со алкохол во Сибир во 2016 година, властите во Русија наредија построги контроли за производството и продажбата на пијалоци, лекови, парфеми и други производи што содржат висок процент на етанол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот